Дуел на двете првопласирани екипи во кошаркарското првенство

Од:

Ново дерби во Првата македонска кошаркарска лига носи 21. коло. Утревечер од 20 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје второпласираниот Карпош Соколи е домаќин на лидерот на табелата МЗТ Скопје Аеродром.

Кошаркарите на Карпош Соколи во второто градско дерби сезонава на домашен терен ќе атакуваат на првиот триумф над големиот ривал сезонава, бранителот на трофејот. МЗТ Скопје засега има максимален ефект од три победи над градскиот ривал две во првенството и една во финалето на Купот на Македонија.

Второто дерби на 21.коло ќе се игра вечер од 19 часот во Гевгелија, каде Кожув е домаќин на Работнички.

Саботната програма нуди уште две средби. На дуелот во Куманово, домашниот тим е апсолутен фаворит против дебитантот Бест (19 часот). Во улога на фаворити за победа во 21 коло ќе бидат и кошаркарите на Фени Инустри на гостувањето во Струмица (18 часот).

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 38 бода, Карпош Соколи 35, Куманово 33, Фени Индустри 32, Кожув 30, Работнички 28, Струмица 24, Бест 20.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ