ФОТО: „Дрисла“ до 2016 ќе работи според европски стандарди

Од:

Депонијата „Дрисла“ ќе работи според стандардите на италијанската депонија „Белведере“ со што отпадот ќе се селектира и ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал, секундарна суровина, а со тоа драстично ќе се намали количеството отпад.
Deponija vo Venecija (1)
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска во Фиренца, потсети на потпишаниот договор за концесиска дејност со италијанските фирми и ЈП „Дрисла“ во траење од 35 години.

Deponija vo Venecija (2)

Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање изјави дека: „Дрисла“ ќе биде првата депонија која ќе врши интегрирано управување со отпад на Балканот, каде што сите сегменти ќе бидат на едно место, ќе заштедува ресурси, време и средства. Останатите депонии ќе ги реализираме со концесионирање и со ИПА средства.

Се прават плановите за североисточниот и источниот регион и таму дефинитивно ќе се знае која депонија ќе почне да се гради со средства од ЕУ.

Deponija vo Venecija (3)

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, објасни дека градо ќе добие 20% од профитот во претпријатието „Дрисла“, како и дека отпадот во процесот на собирање и депонирање ќе биде третиран по европски стандарди.

Deponija vo Venecija (5)

Според Доменико Ферацоли, претседател на италијанската ФЦЛ Амбиенте, „Дрисла“ ќе биде претворена во еколошки парк.

„Скоро една третина од отпадот во Скопје ќе биде трансформиран во енергија што е доволно за да се употреби за работа на една цела фабрика“, рече Ферацоли.

Deponija vo Venecija (6)

Вкупната инвестиција за трансформирање на ЈП „Дрисла“ ќе изнесува околу 80 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од три до четири години.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески