Драмски аматерски фестивал на Македонија од 29. мај до 3. јуни во Кочани

Од:

Претстави за деца, вечерни престави и алтернативна програма ќе бидат на програмата на 53. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, кој од 29. мај до 3. јуни ќе се одржи во Кочани.

Селекторот на годинешниот ДАФ Дарко Спасов од пријавените 34 претстави за учество на ДАФ, одбра 13 претстави во трите категории.

– Годинава на ДАФ ја задржуваме програмата за деца во која од пријавените 10 ќе бидат изведени четири претстави и тоа на драмските групи од велешкото село Иванковци, од Домот на културата од Кичево, од Центарот за култура во Прилеп, како и претстава на три училишта од Прилеп работена со деца македонци, муслимани и албанци. Во вечерниот термин и терминот на алтернативни претстави ќе настапат 9 ансамбли од кои два се од соседна Србија, од Јагодина и Стара Пазова, во рамките на меѓународниот дел на фестивалот, изјави Благој Пенов, извршен директор на ДАФ.

Од преставите селектирани се и оние на драмските групи и аматерски театари од Куманово, Крива Паланка, Струмица, Охрид, Битола и две престави на драмски групи од Скопје.

Од придружниот дел на фестивалот, според Пенов, ќе се одржи промоција на книга, ликовен перформанс, како и театраски портрет на Мите Грозданов во чест на неговата плодна и успешна работа, 60 години со аматерски драмски ансамбли и 50 години професионална театарска уметност.

Годинава жирито на ДАф ке го сочинуваат: Димче Николовски, режисер, Андреја Голуб, актерка и Венцо Димитровски, сценограф. Водител на разговорите по преставите ке биде Јасмина Бибаловска.

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија финансиски е подржан од Министерството за култура, општина Кочани и приватни компании.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска