Допинг контрола кај Фернандо Алонсо во 6 часот наутро

Од:

Фернандо Алонсо денеска го посетиле претставници на ВАДА (Светска антидопинг агенција), кои му земале примерок од крв и урина.

Испекторите на Агенцијата кај Алонсо пристигнале околу шест часот наутро.

6:10 AM. Antidoping control. ?

A post shared by Fernando Alonso (@fernandoalo_oficial) on

Возачот на Мекларен, кој оваа седмица има тест возења во Арагон со тимот на Тојота од Светската серија, објави фотографија на својот Инстаграм профил и се пошегува од неочекуваната посета.

Според правилата на ВАДА, допинг-тестерите можат да се појават без предупредување во домот или во хотелот кај одреден спортист. Од друга страна спортистите се обврзани секојдневно да и ја соопштуваат својата местоположба на Агенцијата.