Документарен филм „80 години ПСК Пелистер“

Од:

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Пелистер“-Битола кој деновиве со низа свечености го одбележува големиот јубилеј – 80 години постоење, синоќа приреди промоција на документарниот филм „80 години ПСК Пелистер“ чиј автор е новинарот и планинар Петар Ставрев.

– На Пелистер четирите годишни времиња може да се променат во еден ден, а тоа е посебен предизвик за сите што се занимаваат со регистрирање на настани кои ретко се среќаваат и треба да се овековечат, истакна авторот Ставрев на синоќешната промоција на неговиот документарец во Битола.

Тој истакна дека последниве неколку години забележливо е присуството на планинари од многу држави кои се информирани за убавините на Баба планина.

– Дел од тие убавини се регистрирани од љубители на фотографијата или филмот и токму тоа го вклопивме во еден филм наменет за пошироката јавност. Во филмот има примери за планинари што постигнаа успеси во последните години, почнувајќи од подвигот на Димитар Илиевски-Мурато, кој на 10 мај во 1989 како прв Македонец го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест, но и успесите на другите битолски планинари кои ги освоиле највисоките врвови на сите континенти. Во филмот се претставени убавините на Пелистер регистрирани низ сите овие 80 години од различни граѓани и институции, посочи Ставрев.

Документарниот филм „80 години ПСК Пелистер“ е во продукција на ТВ „Орбис“-Битола, во филмот, улогата на наратори ја имаа Митко С. Апостоловски и Силвана Петрова Насух, а камерата беше во рацете на Дејан Младеновиќ.

Јубилејната програма на ПСК „Пелистер“ ќе биде завршена вечер со планинарска забава.

Би можело да ве интересира

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Падна првиот снег

Катерина Ѓуровски

Еурофарм Пелистер го претстави пикерот Васиљев: Дојдов во Битола да освојувам трофеи

УЈП во лов на фирмите поврзани со „Рекет“, контроли на фирми во Струга и во Битола

Маја Илиевска-Пачемска

Спасени четири лица завеани од снег на Пелистер

Наум Локоски

Изработена физибилити студија за пречистителната станица на Пелистер

Ана Ололовска