Договор има – ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе коалицираат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сепак се договорија да коалицираат во идната Влада, а причината за договор како што се наведува е интересот на граѓаните.

Во заедничкото соопштение од двете партии пишува дека ќе се посветат на евроинтеграциите и економскиот развој, и дека двете партии ќе формираат мешовита група која ќе ги набљудува сите институции и ќе им помага.

-Партиите, согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции.

Оттука ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес.

Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ке работат со засилена динамика на зацртаните економски цели.

Во периодот кој следи, а согласно програмските и утврдените постулати, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група ќе ги информираат редовно партиите за постигнатите резултати, и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на партиите кои ја сочинуваат владата“, наведуваат во соопштението.

-Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите.

Партиите при договарањето на оваа коалиција пред се ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања, како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот но и пошироко“, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ нуди „рамковен договор“ за економијата, бизнисот бара владеење на правото

ДУИ: Мицкоски стравува од победничкиот Европски фронт

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Меџити призна дека тој одлучувал за легализациите во Чаир, а не законот

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје