Дивоградби и неизвесни плати, дел од проблемите поради истечениот мандат на градоначалниците

Од:

Најмногу проблеми поради истечениот мандат на градоначалниците засега имаат граѓаните. Тие не можат да го платат данокот на промет по купување или продавање недвижен имот, ниту можат да добијат број или адреса на нивната куќа за да извадат лични карти или пасоши зашто нема кој да ги потпише потребните документи, рече денеска градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев по денешната средба со заменик-амабасадорот на ОБСЕ Џефри Голстајн.

Според Захариев, приливот на средства во Општината никојпат не бил помал.

Токму неодржувањето на локалните избори и како тоа се одрази врз работата на Општината, била темата за која најмногу се интерсирал Голстајн, но на средбата станало збор и за досегашната соработка, како и за перспективите и насоките за равој.

– Во овој период луѓето знаат дека нешто не функционира, мислат дека е безаконие и почнуваат дивоградби. Ние се трудиме тоа да го санкционираме, но тоа е проблем што реално постои, истакна Захариев.

На терен, додаде, инспекторите забележале шест случаи на диво градење куќи или доградување на становите, а проблеми со платите на вработените ќе има во јуни, кога градоначалникот треба да ги потпише документите за исплата.

Захариев очекува Собранието на РМ да го утврди датумот за избори и да ги продолжи манадатите не само на градоначалниците, туку и на Советите на Општините, бидејќи, како што напомена, без нивните одлуки и решенија не може да работат одредени служби и да носат нови урбанистички планови.

Би можело да ве интересира

Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион: Град Скопје да размисли општините сами да ја одржуваат комуналната хигиена

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1096 проекти за нецели 100 дена

Градоначалниците на СДСМ преку тендери го оштетувале буџетот и приватниот сектор обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Само Пехчево и Росоман со нови кандидати – стари градоначалници од СДСМ во трка за нов мандат

Мери Јордановска