„Диво насеље“ зад затворени врати

Од:

По едно месечна пауза, денеска продолжува судскиот процес за случувањата во кумановско Диво Насеље.

Денешното рочиште е затворено за јавноста, од причина што се уште трае сведочењето на заштитените сведоци.

Во текот на месец септември ќе се одржат уште четири судски рочишта.

Судењето се одржува во големата сала на Врховниот суд, поради големиот број на обвинети, 37 лица. Бројот на обвинети се зголеми со припојување на предметот „Диво насеље“ и предметот „Молња“.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање и тероризам.

Во предметот „Молња“, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

Настаните се случија на 9 и 10 мај минатата година.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов