Денвер без Јокиќ победи во Далас, Кари и Томпсон го декласираа Хјустон

Од:

Денвер Нагетс, без Никола Јокиќ, ги изненадија Далас Маверикс. Славеа победа во драматична завршница 98:97. Изминатата ноќ, актуелните шампиони Голден стејт Вориорс ја забележаа првата гостинска победа во сезоната.

Денвер без Јокиќ, Џамал Мареј и Арон Гордон, го изненади Далас во Тексас. Нахшон Хајленд постигна 29, а Мајкл Порттер јуниор 14 поени за Деневер. Овие двајца поентираа во последните две минути за Нагетс, кога ја надополнија негативата од четири поени. Лука Дончиќ на две секунди до крајот промаши шут за три поени.

Маверикс ги предводеше Џош Грин со 23 поени, тој погоди шест тројки во седум обиди, додека Лука Дончиќ постигна 22 поени (7/16 од поле) со 9 скока и 8 асистенции.

Голден стејт Ворирос славеа победа во Хјустон 127:120. Против најслабиот тим во лигата блескаше Клеј Томпсон со 41 поен. Стеф Кари мечот го заврши со 33 поени и 15 асистенции.

Резултати: Бруклин-Мемфис 127:115, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123:92, Сакраменто – Детроит 137:129 и Вашингтон – Шарлот 106:102.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неверојтна снимка: Пилот со секира крши на аеродромот во Денвер

Двајца ранети за време на вчерашната парадата на Денвер Нагетс

Горан Наумовски

На парадата во Денвер: Камион прегази полицаец, повредениот итно е пренесен во болница

Горан Наумовски

Детроит го порази Денвер со Јокиќ, Дејвис не можеше сам против Феникс

ВИДЕО: Хаос во Денвер, голема снежна бура откажа над 2000 лета

Катерина Ѓуровски

На протест во Денвер обезбедувач убил десничарски демонстрант

А1он