„Ден на дрвото“ – Граѓанска или владина акција?

Од:

„Ден на дрвото“ или иницијативата која требаше да ги анимира граѓаните за важноста на зеленилото ја изгуби својата првенствена намена. Како и секоја година така и оваа приматот во засадувањето го носат од „Илинденска“ бр.2 или Владата.

Четеринаесетата акција по ред ја одбележуваат министрите и нивните заменици кои симболично ќе засадат садник на различни локации низ Скопје и земјава. Дека станува збор за грижливо испланиран ден покажува распоредот на садење на министрите.

Според најавите на МИА, прва дрвце засадила министерката за култура Канческа-Милевска во 09:30 часот и на интервал од половина час, дрвце засадувале останатите министри и нивните заменици.

Последен или оној кој го заокружи денешниот ден со новозасадено дрвце е министерот за финансии Зоран Ставревски кој нов садник постави пред новата зграда на финасии.

967908_10204246439293929_1907947577_n

Временскиот интревал од половина час помеѓу садењата овозможува медиумите да ги снимат сите министри и заменици, покажувајќи пред јавноста дека буквално сите ја засадиле својата иднина.

„Ден на дрвото“ како акција почна да се спроведува во 2008-ма кога на чело на организацијата беше оперскиот пејач Борис Трајанов.

Тој се повлече позицијата по обвинувањата во медиумите од новинарот Љубомир Гајдов тогашен член на Управниот одбор на оваа организација, кој тврдеше дека од сметката на организацијата пари се трошат на небитни работи или машини за перење садови. Гајдов пред неколку години објасни дека Управниот одбор на организацијата не знае како се трошат парите а и дека немало ревизија неколку години со ред.

Дел од јавните личности кои беа носечки ликови на организацијата се повлекоа. Еден од нив беше и Бубо Каров или Цацко К-15. Причината за заминувањето Каров го правдаше со губењето на смислата на оваа акција и преземањето од страна на владата.

Грижата на владеачкото мнозинство за зеленилото се коси со одлуките за сечење на деценсики стебла кои беа белег на Скопје за изградба на нови згради и проширување улици. Последен парк кој настрада за изградба на згради е оној кај Бристол.

Претходното раководство на општина Центар на чело со Владимир Тодоровиќ донесе одлука на местотото на паркот да се гради иако беше спротивно на волјата на жителите од околните згради. Со гласот на советникот од ДОМ на Лилјана Поповска паркот се уништи и започна изградбата на зацртаните проекти. Од сеќавањето на скопјани исчезна и паркчето пред хотелот Бристол каде се гради згарада на Агенцијата за аудиовизуелни услуги. Дрвја се исекоа и на билеварот „Св. Климент Охридски“. Липите кои беа обележје на главниот град настрадаа на сметка на проширувањето.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски мандатот во 2009-та го започна со сечење на дрвја на улицата Илинденска. И во овој случа јимаше негодувањата на граѓаните од околните згради но улицата стана булевар.

Успешноста на акцијата „Ден на дрвото“ од самиот старт е доведена во прашање. Засега нема информации колку од посадените садници успеале. Во недостаток на клучната информација околу успешноста на дрвцата, граѓаните не се ускратени од изјавите на министрите за значењето на зачувувањето на зеленилото. Како и изминатите години така и оваа членовите на владата со медиумското внимание кое го добиваат покажуваат дека токму тие се најгрижливите кога станува збор за камери.

Би можело да ве интересира

За „Ден на дрвото“ биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници

Наум Локоски

СДСМ: Акцијата „Ден на дрвото“ освен популизам не донесе никаков ефект за намалување на загадувањето

Наум Локоски

Владата го укина „Денот на дрвото“

Наум Локоски

Садење ели во рамки на 19. акција на „Ден на дрвото“

Наум Локоски

Денот на дрвото ќе се одработува на 13. декември

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Половина од дрвјата не се фатиле, а отишле над 4 милиони евра?

Ана Ололовска