Дел Понте: апсењето на Артман е неприфатливо

Од:

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изјави дека денешното апсење на поранешната портпаролка на Трибуналот, Флоренс Артман е неприфатливо.

– Не можам да разберам што се прави на ваков важен ден, кога се соопшти пресудата за Радован Караџиќ, изјави дел Понте, која сега е член на Советот на Обединети нации за човекови права и на Комисијата за истрага за Сирија.

Артман е уапсена денеска пред Трибуналот, каде пристигнала за да го следи изрекувањето на пресудата на лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ. Таа е уапсена поради прекршување на забрана за пристап до Трибуналот. 

Во 2009 година Артман беше осудена на казна од 7.000 евра за непочитување на судот бидејќи во книгата „Мир и казна“ и статијата „Скриени клучни докази за геноцид“ открила доверливи судски информации. Артман одби да ја плати глобата и казната се трансформира во седум дена затвор.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска