Данок на шеќерот

Од:

Елементариум – Белград

Јадеме веројатно најмногу шеќер досега во својата историја. Големи количини на „обичен‟ шеќер и се поразличните индустриски преработени засладувачи доведуваат до сериозни проблеми во јавното здравство. Во светот се бележат вистински епидемии на непреносливи болести како што се срцеви заболувања и дијабетисот. Дебелината е се пораспространета. Светските медицински трошоци се мерат во стотици милијарди евра.

Мексико до пред неколку децении имаше сериозен проблем со неухранетост, но со масовната појава на евтина храна на база на масти и шеќери до денес стана една од најдебелите држави на светот. Одговорот на мексиканската влада е данок на засладените сокови. Воведен е во 2013 година во вредност од еден пезос по литар, што претставува значајно помал износ од првобитно предложените 10 отсто од вредноста на производот, во текот на лобирањето.

Франција е прва држава која во овој век воведе данок од тој тип, во 2011 година. Меѓутоа, податоците зборуваат дека поради данокот, просечната поединечна цена на сокот порасна за цели 3,5 отсто. Колку е тоа убедливо, ако е цел промена на животните навики на населението преку раст на цените на производите? Овие бројки се неспоредливи со постоечките акцизи на цигарите.

Во Беркли во американската држава Калифорнија изгласан е локален закон: данок на дистрибутерите во висина од 1 цент по унца (околу 28 грама) засладени сокови и енергетски пијалоци. Околу половина од ова, од 0.5 до 0.7 центи по унца, се пренеле на цените на пијалоците во првата година. Цената на едно шишенце кока-кола поради тоа скокна за нешто помалку од 10 центи.

Во меѓувреме, бројноста на иницијативите за „сладок данок‟ доведува до раст на специјализираните истражувања. Група американски истражувачи укажа дека данокот треба да се пресметува по калории, а не по количина на пијалоци. Меѓу другото, математиката покажа дека данокот на калориите е поевтин по потрошувачкиот џеб отколку волуменскиот и повеќе ги погодува производителите.

Многу други иницијативи се во тек. Во Велика Британија се планира „сладок данок‟ кој како и многу други, ќе се пресметува според зафатнина. За бројката се уште се дебатира, но се зборува за околу 20 пени по литар сок, што е блиску до решението од Беркли. Одлуката наиде на вообичаен отпор: за разлика од цигарите и алкохолот, соковите не се пороци, а за разлика од бензинот, не се гледаат како не-еколошки, индустриско неопходни производи.

Накусо, даноците на соковите ги чека долг и несигурен пат. На резултатите на овие мерки во цената на производите, треба да се почека година до две. На резултатите во просечната потрошувачка се чека подолго, а на резултатите за подобрување на здравјето, за жал непознато многу. Во меѓувреме, британската организација „Национален форум за дебелината‟ заговара данок од 50 отсто на цените на засладените сокови. Можеби соковите навистина ги чека судбината на цигарите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска