Даноците ги прават луѓето повеќе грижливи

Од:

Во јуни 2012 година, маса од локални работнци пееја додека маршираа по улиците на Лира, четвртиот по големина град во Уганда, и носеа вреќи со отпад преку нивните рамења. Тие беа вознемирени затоа што владата не го координирала собирањето на отпадот – услуга за која сметаат дека треба да биде покриена кога ги плаќаат нивните даноци – па работниците ги оставаа вреќите пред зградите на владата каде скапуваа на врелото летно сонце. Пред да го повторат ова со оставање на отпадот пред куќите на политичарите, собирањето на отпадот повторно започна.

Ваквиот вид на политичка агитација е вообичаено редок во Уганда. Корупцијата е релативно вообичаена меѓу политичарите во земјата, но сепак поголемиот дел од населението не може да се вознемирува за да се грижи за тоа, дури за во нивна штета. Луси Мартин, кандидат за доктор по политички науки на Јејл, неодамна во свој труд се обиде да објасни зошто повеќето Угандинци не протестираат како оние во Лира: можеби затоа што од нив често не се бара да плаќаат даноци.

Мартин ја изнесува хипотезата дека кога политичарите ќе злоупотребат јавни средства, тогаш граѓаните мора да бидат повеќе загрижени за нивните пари – не заради приходите од користењето на природните ресурси или од странската помош – и дека е тоа во ред. За да го објасни ова, таа се повикува на концептот на „аверзија кон загубите“, што значи дека луѓето се посвесни за загубите отколку за добивките. Луѓето ги сметаат даноците како своја загуба, а Мартѕин тврди дека ваквата категоризација ги тера луѓето повеќе да се грижат за тоа како нивните политичари ги користат нивните пари, отколку што вообичаено би го правеле тоа. (Да расчистиме, Мартин не тврди дека даночните обврзници треба да го поднедсат сиот финансиски товар, туку дека плаќањето на даноци ќе ги направи помалку апатични).

Тврдењата на Мартин се поткрепени со серија на екперименти кои биле спроведени во Кампала, главниот град на Уганда. Во овие тестирања, на субјекти означени со „граѓани“ им била давано можност да плаќаат за казнување на оние кои биле означени како „лидери“, и кои нефер трошеле јавни средства. Во едно сценарио, на граѓаните им биле давани да речеме по 10 долари, и било барано од нив да дадат по пет долари за нивните лидери, кои добивале по десет долари за своите фондови. Во друго сценарио, на граѓаните им давале по пет долари, а на лидерите по десет долари. Луѓето од првото сценарио имале за 12 проценти повеќе воља да платат за да се казнат лидерите, отколку луѓето од второто, иако во дватата случаи имало ист износ на пари. Во квалитативните оценувања кои следеле, учесниците зборувале за важноста од оправдување на даноците кои тие ги плаќале.

Резулатите од рудименталните финансиски игри во Уганда можеби не се доволни за да се формира унифицирана теорија за апатијата, но во ова финансирање најверојатно има многу повеќе отколку само зрнце вистина. Дури и во тој случај, просечната возраст помеѓу учесниците во експеримените била 22,6 години, што не е сосема репрезентативно за Уганда каде 70 проценти од населението е под 25 години. И чувството на аверзија заради загуба кое се појавува кај оние кои плаќаат даноци е доволно силно за да биде генерализирано, дури и ако вољата да се казнува непримерното однесување се разликува од една до друга култура. На приемр, една студија од 2006 година со која се следеле овие разлики открива дека руралните луѓе од Мисури биле поодмазнички настроени отколку народот Цимане од јужна Боливија).

Во таа смисла, фактот што во 2013 година 86 проценти од Американците платиле федерални или локални даноци може да објасни зошто Американците брзо се разгневуваат кога јавните служби ги трошат нивните пари (а дали прават и нешто друго освен што се разгневуваат, се разбира, тоа е сосема друга тема). Даноците исто така може да имаат силно влијание и врз излезноста на избори: една студија која беше објавена минатиот месец во Американски журнал за политички науки стои дека постои поголема веројатност побогатите граѓани да излезат да гласаат кога нивната влада повеќе ќе ги даночи. 

 

Атлантик – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат