(ВИДЕО) Данев: Ако има тајно гласање за измени во уставот, ќе ја напуштам седницата

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, вели дека ако во Собранието има тајно гласање за уставни измени, тој ќе ја напушти седницата.

„Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став, а тоа е дека за мене овој процес е завршен. Тоа значи дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот“, рече Данев.

Тој повтори дека референдумот немал цензус, што е услов за успешен референдум.

„Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени, со цел промена на уставното име“, додаде Данев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат

Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски

Горан Наумовски

Маричиќ: Скринингот на ЕУ ќе заврши во декември и тука ќе застанеме бидејќи не поминаа уставните измени

Орце Костов

Пендаровски: Јасно е дека на декемврискиот Самит нема да има позитивна одлука за нас

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу важен чекор за земјава