Црна Гора: 147 новозаразени со Ковид-19, еден починат

Од:

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во последниот ден анализирале 591 примероци, при што се регистрирани 147 новозаразени со коронавирус.

Ова е четврти ден по ред во Црна Гора со повеќе од 100 заразени на дневно ниво, а воедно и нов дневен рекорд.

Најмногу новозаразени има во Никшиќ, каде се регистрирани 41, Подгорица со 35 нови случаи и Беране со 30 новозаразени.

Во последните 24 часа има еден починат.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот од почетокот на јуни е 98, а од почетокот на епидемијата 107.

Оздравени се 21 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 1091. Од почетокот на годината вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирусот е 5422.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора