ЦИВИЛ: 24 декември – ден кога се суспендираше демократијата

Од:

На денешен ден, пред точно три години, на Црниот понеделник, во Македонија беше суспендирана демократијата. Специјалните полициски сили и собраниското обезбедување насилно ги исфрлија опозициските пратеници и новинарите на улица, во текот на жешката парламентарна дебата за буџетот. Со овој настан без преседан, земјата достигна уште една кулминација на политичката криза, која трае од 2008 година.

Тензиите се прелеаја на улиците, по што уследија стотици протести на незадоволните граѓанки и граѓани, соочени со контрапротести во организација на партиите на власт.

Пред три години, неполни половина час по насилството во македонскиот парламент, ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со соопштението под наслов „Хаос и насилство во Македонија“, со кое најостро го осуди насилството врз граѓаните, нивните претставници и новинарите. ЦИВИЛ тогаш повика на разум и враќање на законитоста и почитувањето на човековите права и слободи во парламентот, на улиците на главниот град и во целата држава. ЦИВИЛ побара од владините претставници и парламентарното мнозинство, раководните структури на обезбедувањето и полицијата, како и насилниците од редовите на овие структури веднаш да му се извинат на македонскиот народ и да поднесат одговорност за своите постапки.

Три години подоцна нема разврска, ниту одговорност за ова насилство, а актуелната власт и понатаму ги „пумпа“ буџетите, немилосрдно задолжувајќи ги следните генерации.

Македонија е сѐ уште во политичка криза, а граѓанките и граѓаните живеат во неизвесност. Политичкиот процес започнат со договорот за надминување на политичката криза од 2 јуни и 15 јули постојано се блокира.

Постојаното кршење на човековите права и слободи и системското насилство, континуираната и валкана политичка пропаганда во изборен контекст и злоупотребата на јавните ресурси продолжија.

Во вакви околности, неизвесно е колку институциите на системот ќе успеат да обезбедат услови за слободни избори закажани за април, 2016 година

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски