Чешка бара ЕУ да ги ограничи субвенциите за обновлива енергија

Од:

Чешкиот премиер Петр Нечас најави дека на утрешниот самит на Европската унија ќе побара да се ограничат субвенциите за обновлива енергија наместо да се промовираат нови, јави дописникот на МИА од Прага.

На европскиот самит на кој ќе се разговара за прашања од даночната политика и од областа на невработеноста и енергетскиот сектор, Нечас најави дека ќе побара ЕУ да не поставува „премногу амбициозни“ цели во борбата против климатските промени.

– Европа еднострано си поставува амбициозни цели, а целото намалување на емисиите на јаглерод диоксид во Европа за последните десет години, е надополнето за само две години од порастот на емисиите во Кина.

– Такви непотребни амбициозни цели можат да и наштетат на целата европска економија, па дури може да доведе до губење на конкурентноста, рече Нечас по средбата со домашни енергетски компании.

Нечас на состанокот во Брисел, исто така, има намера да предупреди на проблемот со недостаток од инвестиции во нови електрични централи.

– Системот на обновливите извори на енергија со субвенционирани цени доведуваат до тоа денес да не постои класичен енергетски пазар и да се мисли дека не е вредно да се инвестира во нови (класични) извори, смета Нечас.

Тој предупредува, дека иако во моментов ова не се појавува како проблем, долгорочно, по затворањето на некои централи, можно е да се појави недостиг на електрична енергија, што би ја загрозило европската индустрија и конкурентноста на целата Унија.

Нечас додаде дека обновливите извори на енергија не може да го покрија евентуалниот недостиг на струја, бидејќи без субвенции нивната работа е скапа.

Наспроти ова, Алијансата за автономна енергија (АлиЕС) го повика Нечас на Самитот да го поддржи „разумниот раст“ на обновливите извори.

Мартин Седлак од АлиЕС во отворено писмо до премиерот порача дека овој сектор може да ја намали зависноста на сите земји на ЕУ од увозот на нафта и гас и може да помогне во создавање на неколкумилиони работни места во рамки на Унијата.

Нечас, исто така најави и дека ќе се залага за зачувување на правата на државите да изберат свој енергетскиот микс.

Тој ја истакна потребата да се задржи нуклеарната енергија како рамноправен извор на енергија и да се спречи нејзината дискриминација.

Чешка, исто така, во Брисел ќе се залага што е можно поскоро да се постигне единствен енергетски пазар на ЕУ и негова либерализација.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски