„Цаирос“ системот ќе кажува дали топката ја поминала гол линијата

Од:

Системот на германската компанија „Цаирос“ ја доби потребната лиценца од Светската фудбалска федерација – ФИФА за разрешување на спорните моменти на натпреварите околу поминување на топката на гол линијата.

Ова е трет ваков лиценциран систем кој ќе се користи на фудбалските натпревари. Покрај „Цаирос“ лиценци добија и една компанија од Велика Британија и една од Данска.

Функционирањето на оваа технологија беше тестирана од страна на независен швајцарски институт во периодот од 18-20 декември минатата година на натпревари во Германија.

Судиите на уредите кои ги носат на раката, освен за времето со новата технологија ќе добиваат и информации за спорните моменти на гол линијата, дали е постигнат гол или не. Методот е базиран на развиено магнетно поле кое ќе овозможува прецизна дијагноза за целосно поминување на топката од другата страна на гол линијата.

Првата официјална примена „Цаирос“ системот ќе ја има од 15 до 30 јуни на Купот на Конфедерациите во Бразил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година