Бугарија: 26 отсто се на страната на Русија, една третина стравуваат од трета светска војна

Од:

Дваесет и шест отсто од Бугарите се на страната на Русија, останатите – на страната на Украина во конфликтот меѓу двете земји. Од вторите, 4 од 10 се поддржувачи на БСП. Ова го покажуваат резултатите од национално репрезентативно истражување на тема: „Војната во Украина и познавањето на историските факти во односите Бугарија – Русија“, презентирано денеска во прес-клубот на БТА.

Анкетата е на Фондацијата Работилница за граѓански иницијативи и Агенцијата ЕСТАТ. Анкетата е спроведена со методот „лице в лице“ меѓу 1002 полнолетни граѓани во периодот од 16 до 28 април 2022 година.

Зад Русија се главно мажи, луѓе над 50 години, гласачи на ИТН и БСП, а поддршката за Украина доаѓа од жени, луѓе над 30 години, десничарски политички групи и граѓани на Софија.

Анкетата, исто така, покажува дека 60 отсто од Бугарите велат дека се запознаени со односите меѓу Русија и Бугарија во последниве години, вклучително и постари лица, луѓе со високо образование и поддржувачи на Русија во конфликтот, како и гласачи на БСП и ГЕРБ.

Околу една петтина Бугари знаат дека Русија и објавила војна на Бугарија во минатото, „но има различни одговори кои не се конзистентни“.

Околу 45 отсто се на мислење дека доколку Бугарија не била дел од советскиот блок, нивниот развој низ годините ќе бил значително подобар, додека околу 27 отсто од анкетирните – сметаат дека учеството на Бугарија и Варшавскиот пакт било позитивно.

За политиката на Русија кон Бугарија – 42 отсто сметаат дека нејзината политика кон Бугарија е корисна, една третина сметаат дека е бескорисна.

Анкетата покажува дека една петтина Бугари ја посетиле Русија барем еднаш, половина од нив се поддржувачи на БСП.

Стравовите на Бугарите споменати во студијата се: употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија – една третина се плашат од Трета светска војна. Најзагрижени Бугари се во малите градови и младите. Најмалку загрижени се граѓаните на главниот град и луѓето со високи примања.

Одговорите за поддршка на украинските бегалци се – 38 отсто сочувствуваат со украинските бегалци, но 4 пати помалку им помогнале со пари, облека, храна и засолниште.

Според студијата на ЕСТАТ – 6,6 отсто од Бугарите би се пријавиле во војска, кај жените овој процент е 2 отсто.

Помалку од 50 отсто го поддржуваат НАТО и имаат очекувања од него да помогне на државата.

Меѓу побизарните одговори, според бугарски медиуми се: 80 отсто од анкетираните веруваат дека Русија е светска воена сила , а употребата на нуклеарно оружје е оправдана. Една третина веруваат дека Украина развива оружје за масовно уништување и дека убивањето на цивили во Украина не е дело на руските служби, и исто толку веруваат дека политичката елита и владејачката структра на Украина се националистички и фашистички фигури.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија