Брисел: Ако има избори на 5. јуни, тие нема да бидат признаени од меѓународната заедница

Од:

Брисел жали што континуираната политичка криза ја оддалечува земјата од евроатлантските аспирации, соопшти за „Мета“ портпарол на Европската комисија.

– Комисијата забележа дека неколку партии до вчерашниот краен рок не ги поднеле своите кандидатски листи до Државната изборна комисија. Не гледаме дека се создадени минимални услови за веродостојни избори на 5 јуни 2016 година, кои би биле признаени од меѓународната заедница – соопшти портпаролот на ЕК.

Од Брисел потсетуваат дека повеќепати ја истакнувале потребата од прочистување на избирачкиот список, обезбедување на балансирано медиумско известување и од истрага за заплашувањето на гласачите, пренесува Мета.

– Во вакви услови, секоја влада која ќе оди на избори во кои трите најголеми политички партии не учествуваат, нема да биде веродостоен партнер на меѓународната заедница. Затоа, Комисијата ги повикува сите политички лидери и релевантни власти да преземат одлучни чекори за решавање на ситуацијата и да го почитуваат Договорот од Пржино. Исто така, ги повикува лидерите неодложно да се справат со постојаните проблеми со владеењето на правото. Ова особено се однесува на потребата да се повлече помилувањето од претседателот. Правдата мора да надвладее и мора да се види. Тоа е единствениот начин да се врати вербата на граѓаните во државните институции, да се стави крај на тензиите и да се зачува владеењето на правото. Политичките лидери не може да се преправаат дека оваа е вообичаена работа. Последните чекори и идните недејствувања сега ќе имаат сериозни последици – вели портпаролот на Европската комисија.

Комисијата вели дека останува посветена и достапна да им помага на партиите. Сепак, партиите се тие што се одговорни да обезбедат демократски прогрес и да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов