Борисов: Активно работиме на спроведување на препораките на ЕК

Од:

Бугарската Влада активно работи на спореведување на препораките од Извештајот на Европската комисија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Наша цел е да се укине мониторингот и да бидеме посочувани како пример за Романија, рече Борисов во одговор на пратеничко прашање.

Како што јави БТА, Борисов нагласи дека побарал од министерот за правда до следната среда на подготви стратегија или план во врска со препораките од Извештајот на ЕК за реформи во правосудството и за борба против корупцијата.

Борисов додаде дека утрово одржал советување на кое станало збор за зајакнување на мрежата за борба против корупцијата, додавајќи дека за една недела ќе биде подготвен и план со конкретни мерки.

Од своја страна, бугарскиот вицепремиер Меглена Кунева најави дека до март Владата ќе подготви Стратегија за борба против корупцијата, со која, меѓу другото, ќе се предвиди и формирање на посебно тело кое ќе проверува дали имотната состојба на носителите на јавни функции е соодветна со нивните приходи.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина