Борис Бекер ќе го тренира Александар Зверев

Од:

Германскиот тенисер Александар Зверев, кој во моментов е петти на АТП листата, ја раскина соработката со Хуан Карлос Ферер и во преодниот период најверојатно ќе тренира со Борис Бекер.

Зверев со шпанскиот стручњак соработуваше повеќе од седум месеци и во тој период постигна значителен напредок, меѓутоа немаше успех на големите турнири.

Бекер од неодамна е еден од водечките луѓе во германскиот тенис, по што нивната Дејвис куп репрезентација почна да бележи успеси и затоа се очекува во следниот период да работи со Зверев.

Германскиот стручњак претходно три години соработуваше со Ѓоковиќ и во тој период српскиот тенисер освои 25 турнири, од кои шест беа Гренд слемови.