Боки 13 бара да ја разрешат судијката: Му ја коментирала облеката, била хистерична, врескала, го мразела

Од:

Бојан Јовановски-Боки 13 бара разрешување на судијката Софче Гаврилова-Ефремова, која му суди во предметот за работењето на „Меѓународен сојуз“, дознава „А1он“. Тој во дописот ги прашува членовите на Судскиот совет дали е дозволено судијка да му се обраќа со зборовите: „Нека ти обезбеди семејството лаптоп, поради тоа што те гледам дотеран. Како што ти испраќаат гардероба, така нека ти купат лаптоп“, додавајќи дека на секое рочиште му се обраќа на висок и хистеричен тон. Во останатиот дел од барањето на Јовановски, до кое дојде „А1он“, стои и дека тој веќе знае дека ќе биде осуден на највисока казна, посочувајќи дека има спрега помеѓу судијата, претседателот на судот, јавниот обвинител и политичките чинители на власта.

„Таа спрега ја доведува во прашање целата постапка, односно употребата на правото и утврдување на фактичката состојба без надворешни влијанија и притисоци. Судијата Софче Гаврилова-Ефремова треба да ги реализира и исполни сите овие жалби низ постапката која ја води, не водејќи сметка на моите права“, стои во барањето за разрешување од функцијата.

Јовановски обвинува за пристрасност на судијката и бидејќи не му било дозволено да изведе докази, да сослуша сведоци за да докаже дека е невин.

„Се мене не се однесува како со обвинет, туку како со веќе осуден за што сум сигурен дека на крајот од денот, без никакво правно и реално покритие тоа и ќе се случи поради нејзината одмаздољубивот, а не правдољубивост. Ќе добијам осудителна пресуда со максимална санкција, без ниту еден доказ, туку поради анимозитетот и нетрпеливост кон мене, а уште повеќе по ова барање до вас, доколку не постапите, таа поради одмаздољубие ќе донесе незаконска осудителна пресуда со полна суета, непрофесионализам и реваншизам“, додал Јовановски во барањето.

Однесувањето на судијката Гаврилова-Ефремова кон него обвинетиот Јовановски го опишува како со „спаринг партнер во ринг“, додавајќи дека само кон него се применува цензура. Засега нема информација од Судскиот совет кога ова барање ќе биде ставено на разгледување.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски