„БНП Париба“ и „Креди агрикол“ отворале оф шор компании за своите клинети

Од:

Француските банки „БНП Париба“ и „Креди агрикол“ биле инволвирани во отворање оф шор компании за потребите на нивни клинети, кои барале дискреција и мали даноци, открива најновото издание на париски „Монд“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквите тврдења доаѓаат само еден ден откако во француската јавност како бомба одекнаа две вести, прво дека еден поранешен министер за буџет имал непријавени банкарски сметки во странство, а потоа дека благајникот на предизборната кампања на претседателот Франсоа Оланд поседувал оф шор компанија.

Според „Монд“, активности на француските банки околу оф шот компаниите се одвивале кон крајот од деведесетите години на минатиот век и во текот на целата измината деценија.

Од документите на меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари произлегува дека двете француски банки користеле филијали во странство, БНП во Сингапур и Хонг Конг, а „Креди агрикол“ во Женева, за да отворат оф шор компании во финансиските раеви како Самоа или Сингапур. Во нив идентитетот на богатите клиенти на банките бил прикриван со позајмени или лажни имиња, со цел да бидат скриени нивните богатства од даночните служби.

Овие оф шор комапни според т.н. англо-саксонските закони не се нелегални, по услов нивните сопственици да не потекнуваат од земји каде ваквите компании се забранети, што е случај со Франција. Банките се бранат дека овие услуги биле за азиски клиенти, но никој навистина не може да знае со точност кој се ги користел овие банкарски услуги.

Според асоцијациите кои се борат против фискалните раеви, сумите кои се скриени во нив се проценуваат на 20 до 30 билиони долари. Според Европската комисија затајувањето на даноци, ја чини Европа околу билион долари годишно. Во Франција, според проценките годишни на ваков начин се губат од 30 до 80 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов