Бизарно: Обично стапче се најде меѓу багажот на аеродромот Станстед крај Лондон

Од:

Обично неизделкано стапче меѓу куферите на лентата за багаж на аеродром!!! Корисниците на социјалната мрежа Редит биле и повеќе од изненадени од фотографијата снимена на аеродромот Станстед во Лондон.

Фотографијата станала толку популарна на Редит, што набрзо ја забележале и новинарите на британскиот весник Телеграф.

И додека многумина Британци се збунети со упатството за тежината, големината и цената поврзана со багажот, внесувањето страпче повеќето би го сметале за очигледна бизарна постапка од барем две причини.

Прво, патникот секако можел да пронајде нова, слична гранка и во Лондон. Второ, со самото тоа што ја внел во авионот значи дека за неа морал да плати и извесна сума пари.

-Гледаме најразлични можни типови на личен багаж што луѓето го носат со себе на патувањата. Но, додека ги почитуваат безбедносните прописи можат да патуваат со што сакаат, изјави портпаролот на аеродромот.

Стапчето, во меѓувреме, на Редит стана предмет на шеги. Еден корисник на мрежата навел дека би можел да претставува добра реплика за Екскалибур, втор помислил дека станува збор за прачка на која некој скитник го носи врзопот со храна и облека, а некој претпоставил дека сопственик на стапот е пес.
Одговорот најверојатно никогаш нема да се дознае.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он