„Бајки од Македонија“ е новиот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“

Од:

„Бајки од Македонија“ е новиот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, на чија реализација ќе работи во текот на следната година.

Проектот „Бајки од Македонија“ има за цел да го приближи македонското народно творештво до најмладите, пред сѐ децата од предшколска возраст. Имајќи го предвид јавниот интерес за реафирмирање на традицоналните вредности, младите креативци ќе работат на визуелизација на три бајки од македонското културно наследство, во насока на зачувување и негување на националните вредности.

„Давајќи им модерен изглед на бајките од македонското народно творештво, идејата е да се приближат до најмалите и притоа да создаде бренд кој ќе биде препознатлив за оваа и сите следни генерации. Притоа, се создава можност за младите креативци да го изразат својот креативен потецијал во процесот на содавањето на новиот бренд „Бајки од Македонија“., изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Од денес, па до 8. јуни годинава Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ распишува конкурс за избор на издавачка куќа која ќе се вклучи во реализација на проектот. Конкурсот ќе биде објавен на веб страницата bravosine.mk.

Избраната издавачка куќа ќе учествува во избор на бајките и нивна адаптација. Креативните решенија што ќе бидат користени за нивно илустрирање ќе ги работат млади дизајнери, а тие исто така ќе се избираат на јавен конкурс. Јавниот конкурс за младите кративци ќе се распише по изборот на Издавачката куќа која ќе биде партнер во проектот “Бајки од Македонија“. Најдоброто креативно решение повторно ќе биде наградено со парична награда од 200.000 денари.

„Бајки од Македонија“ е втор проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект на Движењето за поддршка на креативноста кај младите и спој со македонските компании – проектот „Слатко со идентитет“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ