Аврамопулос: Ако порасне миграцијата, можно е враќање на визите

Од:

Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос денеска од Тирана предупреди дека е можно враќање на визите за земјите од Западен Балкан, доколку миграцијата порасне за над 50 проценти.

– Ние ја следиме ситуацијата за сите земји, а не само за Албанија. Ризикот од илегална миграција треба да се намали. Механизмот за враќање на визите не е ставен во игра, но ако има зголемување на оваа појава со повеќе од 50 отсто и мигрантите одбиваат да се вратат во земјата на потекло, тогаш постои и оваа можност, одговори Аврамопулос, кој во Тирана учествува на министерскиот состанок на Европската унија за Западен Балкан.

Според Аврамопулос, враќање на визниот режим е можен и доколку постои закана по безбедноста од терористички активности.

– Во моментов нема проблем, но ја следиме ситуацијата, рече Аврамопулос.

На дводневниот министерски состанок на Европската унија за Западен Балкан е договорена соработка за управувањето со границите, борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Негативната демографија најголема закана за иднината на државата, корупцијата најголем двигател на иселувањето

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Еуроактив: 30 отсто од албанските граѓани се иселиле, 12.000 млади луѓе заминале во Британија со моторни чамци

А1он

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување