АВМУ: 1ТВ не ги почитува професионалните стандарди

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата 1ТВ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се вели дека телевизијата не ги почитувала професионалните стандарди односно новинарот кој го водел интервјуто, Сашо Орданоски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумпција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните.

-Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Орданоски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, стои во соопштението од АВМУ.

Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски