Авијацијата на НАТО ја заврши двонеделната вежба во Бугарија во правец кон Русија

Од:

Пет земји-членки на НАТО ја завршија двонеделната воздухопловна вежба што се одржа во Бугарија, а висок функционер на Алијансата оцени дека оваа активност им ги пружила на авијатичарите потребните вештини за да се обезбеди стабилност во Југоисточна Европа, пред се во стратешки важната област на Црното Море.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, во изминатите две недели во Бугарија се одржа заедничка воена вежба на авијацијата на САД, Канада, Грција, Бугарија и Романија, наречена „Тракиска отровница 2022“, со учество на борбени авиони од тие земји.

Воздухопловните сили на петте земји вежбаа заеднички операции во различни офанзивни и одбранбени сценарија во воздушниот простор на Бугарија, вклучително и стратешки важната област на Црното Море на источното крило на НАТО.

Канада учествуваше со ловци CF-18 кои долетаа од Романија каде што се во мисија на НАТО ер полисинг. Со нив во Бугарија пристигнаа и романски ловци Ф-16.
Грчките воздухопловни сили испратија и борбени авиони Ф-16 кои долетаа од матичните бази.

Армијата на земјата домаќин Бугарија ангажираше ловци МиГ-29 од воздухопловната база Граф Ингнатиево, ловци Су-25 од воздухопловната база Безмер и хеликоптери АС-532 Кугуар од воздухопловната база Крумово.

Воздухопловните сили на САД обезбедија поддршка за воздухопловните операции со персонал на полигонот Елена.

„Тракиската отровница им ги обезбеди на сојузничките авијатичари потребните вештини за да обезбедат стабилност и безбедност на Југоисточна Европа“, заклучи на крајот на вежбата началникот на Генералштабот на Воздухопловната команда на НАТО, генерал Џанлука Ерлокани.

Вежбата „Тракиска отровница“ се одржува во Бугарија веќе 12 години со цел да се подобри способноста на воздухопловните сили на земјата домаќин и регионот да дејствуваат заедно во поширока сојузничка рамка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски