Арсенал без победа на четврти натпревар по ред

Од:

Уште еднаш Арсенал настапи лошо и скоро доживеа пораз на гостувањето кај Виторија (Гимараеш) во натпревар од групата „Ф“ од Лигата на Европа.

Натпреварот заврши 1-1, а „топџиите“ веќе немаат победа во четврти последователен натпревар на сите турнири.

Вечерва избраниците на Унаи Емери имаа само еден удар во рамките на голот и го реализираа во 80-тата минута преку Шкодран Мустафи.

Сепак, Португалците заслужено израмнија на дополнителното време по феноменалните ножици на Бруно Дуарте.

Неколку секунди подоцна гредата го спаси Арсенал, а истото се случи и на почетокот на натпреварот.

На крајот на краиштата, Арсенал продолжува да ја предводи групата со 10 бода и е фаворит да помине во следната фаза. Виторија е последна со еден поен.

Во вториот натпревар од групата утре Стандард (Лиеж) е домаќин на Ајнтрахт (Франкфурт).

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска