Апсење на 14 студенти предизвика политичка криза во Тајланд

Од:

Апсењето на 14 студенти, кои минатиот вторник мирно протестираа пред зградата на владата на Тајланд, ги крена политичките тензии во земјата, која од мај минатаа година е под управа на воениот режим.

Студентите се уапсени врз основа на законот за вонредна состојба, според кој, во Тајланд се забранети собири на јавно место во кои учествуваат повеќе од пет лица.

Уапсените студенти во петокот беа изведени на испитување пред полицијата, но поголем дел од нив одбија да одговараат на истражителите, изјавувајќи дека не им е јасно за што се обвинети.

Повеќето се пожалиле и на условите во кои полицијата ги испитувала и побарале да им се овозможи да бидат сместени во заедничка просторија, за да можат да ја договорат одбраната.

Апсењето на студентите предизвика низа протести на меѓународните организации за човекови права, а и американскиот Стејт департмент официјално го потсети сегашниот армиско-политички врв дека Тајланд е потписник на меѓународните конвенции за заштита на човековите и политичките права.

Вчера, група од 78 уледни адвокати и претставници на локални хуманитарни организации испратија барање до водачот на воениот удар, генералот Прајут Кан-ока, да нареди ослободување на студентите кои, иако биле во поголема група од дозволениот број, со ништо не го нарушиле редот и мирот во земјата.

Генералот Прајут, кој сега ја има фнкцијата преоден премиер, лаконски одговори дека ги разбира барањата, но дека „законот е закон“.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога