Антонио Гутереш добитник на наградата Карло Велики

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска во Ахен ја прими наградата Карло Велики, која секоја година се доделува на лицата кои посебно придонеле за европското единство и напредок.

Првиот човек на Светската организација ја доби наградата поради залагањата за европските вредности, како што се плуразлизам, толеранција, слобода, мир и демократија, се наведува во образложението на Фондот Карло Велики.

Таа престижна меѓународна награда се доделува од 1950 година во Ахен, родното место на Карло Велики, кој се смета за прв обединител на европскиот континент. Меѓу досегашните добитници на наградата се францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, папата Јован Павле Втори и папата Франциск.

– Мораме посилно да се ангажираме во борбата против климатските промени за да спречиме катастрофа. Европа мора да биде таа која ќе го диктира темпото, истакна Гутереш

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа