Антикорупциска: Ангажирањето на нови советници во кабинетот на Иванов е итно и неодложно

Од:

Во врска со барањето за мислење што претседателот Ѓорге Иванов го испрати до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за вработување на двајца советници во неговиот кабинет во изборен процес, претседателот на Комисијата, Игор Тантуровски, изјави дека треба дополнително да провери, но ако мислењето на антикорупционерите било позитивно, тогаш станувало збор за итни и неодложни работи кои се предвидени со член 8а од Изборниот законик.

Макфакс упати прашање до кабинетот на претседателот Иванов зошто е итно да се вработат советници за време на изборен процес, но сè уште немаме одговор.

Според огласот објавен на 28. август, во Кабинетот на Иванов се бараат двајца посебни советници, и тоа од областа на надворешната политика и од областа на одбраната и безбедноста.

И за едниот и за другиот се бара да имаат барем десет години искуство во законодавната, извршната и судската власт, да имаат искуство во невладини организации и да познаваат барем еден од трите најчесто користени светски јазици.

Во моментот Иванов има седум советници, сите од Македонија, меѓу кои еден за надворешна политика и еден за воени прашања.

Би можело да ве интересира

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок

Антикорупциска со инијатива за гонење на поранешен директор на ЕСМ: Злоупотребил положба за набавка на мазут

Орце Костов