Англија: 11 жртви во вчерашната несреќа на аеромитинг

Од:

Британската полиција вели дека е можно бројот на жртвите од вчерашната несреќа на авион на аеромитинг во Јужна Англија да достигне 11 лица, пренесува ТАСС.

Воен авион „Хокер Хантер“ се урна вчера попладне на аеромитинг одржан на аеродрмот Шорхем, во близина на Брајтон, во јужниот дел на Велика Британија.

Авионот, што претходно изведувал лупинг, при падот погодил неколку автомобили на автопатот А27, што води на север од аеродромот.

Станува збор за воен авион Хокер Хантер, борбен авион едносед што се произведува во Велика Британија од 50-тите години на минатиот век.

Полициски извор изјави дека спасувачките екипи извлекуваат тела од местото на несреќата и е можно да порасне бројот на загинатите.

Пилотот е во болница во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска