Ангелов: 9990 полицајци се со нас, затоа одиме до крај

Од:

Стојанче Ангелов од Достоинство ги потсети битолчани на 28 април, „на најкрвавиот настан кога во Вејце осум Макеодонци ги испуштија душите бранејќи ја Македонија“.

Сега десет години подоцна, рече тој „Јанкуловска поднесе тужби против семејствата на загинатите. Да бараш пари од семејства на загинати со камата може да направи само нечовек“, рече тој.

Во тетовско кога 10 македонски синови загинаа сегашниот премиер Груевски си купи три стана, врв на лицемерие е амнестијата на злосторниците, тие ѕверови Груевски ги ослободи и затоа ако треба да бирам меѓу лажниот патриот и плачко и политичкиот ветерен, го бирам тимот на Црвенковски, рече Ангелов.

Јанкуловска вчера тврдеше дека 12 илјади полицајци се со неа, јас ќе и кажам 9890 се со нас, и затоа одиме до крај, порача Ангелов во Битола.

Би можело да ве интересира

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Бугарија: Земјоделците организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од ресорниот министер

Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини „Ники“ и „Евзони“ со Македонија

Мирен протест на Србите од Косово