„Америка Америка“ нов роман од Божин Павловски

Од:

Во рамки на јубилејната програма по повод 25 години од основањето на Матица македонска, излезе од печат романот „Америка Америка“ од Божин Павловски.

Во препораката за најновото дело на познатиот писател, Гоце Смилевски истакнува дека ова е роман за спротивставените идеологии, судирот на судбините со една универзална рефлексија на вечната борба помеѓу интимното и политичкото. Ликовите и нивниот интензитет, авторот ги води маестрално со чувство на врвен романсиер, а личните судбини не се откриваат веднаш, се одржува тензичен суспенс, со што на читателот му се овозможува да ужива во приказната се до последната страница.

Блаже Миневски вели дека ова е диманична приказна во која настаните се одвиваат брзо, ефективно и драматуршки беспрекорно. Во секоја глава се додава дополнителна енергија со лични драми и колективни трагедии. Павловски ни овозможува имагинативно да ја видиме сликата за времето и заборавот, за животот и споменот.

Божин Павловски е автор на деветнаесет романи високо вреднувани од страна на критиката. Неговите дела се преведени на англиски, француски, турски, италијански, албански, грчки, романски, полски, бугарски, чешки, руски, српски, словенечки, и на други јазици. Добитник е на дваесеттина национални и меѓународни признанија меѓу кои на Интернационалната Балканска награда во Солун, како и на државната награда 11 Октомври за животно дело.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска