Амал Клуни именувана за специјална британска пратеничка за слобода на медиумите

Од:

Адвокатката за човекови права Амал Клуни е именувана за специјална пратеничка на британската Влада за прашања поврзани со слободата на медиумите, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

– Клуни и министерот за надворешни работи Џереми Хант ќе работат на спротивставување на драконските закони кои ги спречуваат новинарите да ја вршат својата работа, се наведува во соопштението.

Хант рече дека насилството кон новинарите достигна „вознемирувачко ниво на глобален план“.

Клуни, која нема да биде платена за оваа функција, изјави дека е почестена со оваа должност.

– Бранејќи новинари, имав увид од прва рака во начините на кои новинарите се загрозени и затварани во обид да се замолчат и да се спречи слободата на медиумите, рече Клуни, која минатата година беше во правниот тим за одбрана на двајцата новинари на Ројтерс, притворени во Мјанмар.

Адвокатката, која е со британско-либанско потекло, е позната по одбрана на бројни активисти и борци за човекови права. За време на 2015 година беше во правниот тип кој работеше на ослободување на двајца новинари на телевизијата Ал Џезира, уапсени во Египет.

Неодамна ја застапуваше Надија Мурад, добитничка на Нобеловата награда за мир, која беше заробена и мачена од страна на Исламска држава.

Амал Клуни е сопруга на познатиот американски глумец Џорџ Клуни.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он