Али Ахмети до Цаноски: Татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде со СДСМ, затоа е уривањето на „Космос“

Од:

Сефер Цановски, синот на бизнисменот и сопственик на комплексот „Космос“, во сведочењето за случајот „ТНТ“ на СЈО, рече дека ги молел бизнисменот Орце Камчев кој му бил сосед, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети да влијаат кај Никола Груевски да не се урива објектот.

„Прв комшија ми беше Орце Камчев. Го замолив да разговара со таа власт, ако може да не одат на најцрното сценарио. Некој ден потоа ми беше кажано дека тој е близок со Сашо Мијалков, а не со Никола Груевски“, кажа Цаноски.

Сведокот кажа дека и Али Ахмети бил запознат со уривањето и дека лично му кажал оти објектот ќе биде урнат бидејќи татко му ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорот на Али Ахмети беше: Пред да дојдеш јас се слушнав со Груевски. Уривањето е поради тоа што татко ти ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде со СДСМ, а не дојде во коалиција со ДУИ…“, му кажал Ахмети на Цаноски.

На последната средба Груевски му кажал на Цаноски: „Што бараше со СДСМ?“

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Заев, Ковачевски и Ахмети на иста маса-СДСМ го зајакнува Европскиот фронт

Предраг Петровиќ