Албанија: 100.000 Срби биле принудени да си го променат идентитетот?

Од:

Според последните пописи во Албанија од матичните книги се избришани повеќе од 100.000 Срби, бидејќи податоците покажуваат дека во државата има само уште околу 30.000 Срби, пренесуваат српските медиуми.

Претседателот на Здружението на Срби и Црногорци „Морача Розафа“ од Скадар, адвокат Павло Јакоја Брајовиќ, предупреди дека српската заедница во Албанија, која според проценките има 30.000 членови е потполно обесправена.

-На Србите во Албанија им е тешко да опстанат и да го сочуваат сопствениот идентитет-рече тој и побара проблемот на српската заедница и нејзиното застапување да бидат приоритет и со закон одредено прашање, во идната соработка помеѓу Србија и Албанија.

Брајовиќ за приштинскиот весник „Единство“ рече дека новите албански закони се уште се во споротивност со европските конвенции и не им овозможуваат на малцинствата да ги остварат своите права, пред се правото на национален идентитет.

-Нема училиште на српски јазик, забрането е изјаснување на националната припадност, како и употребата на традиционалните имиња и презимиња, правото на образование и информирање на српски јазик. Забрането е одржување контакт со матичната држава, а укинато е и правото на слободна вероисповед -тврди Брајовиќ.

Меѓу проблемите кои што ги наведе Брајовиќ, покрај тешката економска положба се и финансиските пречки за враќање на насилно албанизираните српски имиња и презимиња.

-Во матичните книги е избришана српската националност и е дефинирана како албанска. Карактеристичните семејни имиња и презимиња се заменети со албански, кои според свето значење се и понижувачки, како Друри (дрво), Гури (камен), Хекури (железо)-рече Брајовиќ и додаде дека денес со висок паричен надомест можат да променат само едно име или презиме.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати