Албанија: Парламентарни избори во јуни следната година

Од:

Претседателот Нишани денеска потпиша указ со кој 23 јуни 2013 година го утврди како датум за организирање на парламентарните избори.

За датумот на изборите претходно консензус постигнаа полиитичките партии.

Околу три милиони граѓани треба ќе гласаат за 140 пратеници.

Изборите во Албанија по промената на режимот во 1990 година покажуваат сериозни недостатоци. Следните избори ќе бидат клучни за зачленувањето на Албанија во Европската унија.

Албанскиот парлемент претходно изгласа уставни промени за поголема транспарентност при изборот на претставниците на изборната комисија и воведе дигитални проверки на идентитетот на гласачите, како и компјутерско гласање во двата најголеми градови во Албанија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија