АКМИС-от ќе проголта над 56 илјади евра за одржување и гаранција

Од:

Врховниот суд објави оглас за доделување јавна набавка за годишна софтвер-претплата, постгаранциска и тековна поддршка на хардверската и системската инфраструктура за функционирање на АКМИС-системот во судовите во Македонија.

Набавката е за период од 12 месеци, а огласот е објавен денеска на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки. Проценетата вредност на набавката е над 56 илјади евра без ДДВ.

Станува збор за системот за распределба на судските предмети во судовите во Македонија. Договорот за годишната системска претплата истекол во јули 2016 година, а тригодишниот гарантен период за серверите за виртуализација истекол во април 2017 година. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Јавното обвинителство осомничи судии дека делеле предмети на рака и го заобиколувале АКМИС-от. Истрагата сè уште трае.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

Александар Тодески

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Орце Костов