Магазинот „Тајм“ ја избра Меркел за личност на годината

Од:

Директорката на магазинот „Тајм“ Ненси Гибс објави дека германската канцеларка Ангела Меркел, „жената која ја менаџираше должничка криза и предизвика многу контроверзи со отворање на границите на Германија за бегалците“, е избрана за личност на годината.

Како што дописникот на МИА од Берлин, според магазинот, 61-годишната Меркел е избрана „поради прифаќањето на барањата упатени до нејзината земја, што никој друг политичар не би го направил, за спротивставување на тиранијата, како и за обезбеднување стабилно морално лидерство во светот“.

Според „Тајм“, Меркел му се спротивставила на рускиот претседател Владимир Путин и го забавила неговиот обид да ја окупира Украина, а покрај тоа и го запрела банкротот на Грција.

Покрај ова, Меркел стана личност на годината и поради „менаџирањето на епската бегалска криза за што доби многу критики од своите граѓани и конзервативни сојузници“, поради што некои ја нарекуваат и „совеста на Европа“.

Уредниците на „Тајм“ секоја година бираат „Личност на годината“, според критериумот најголемо влијание во светот за добро или за лошо. Оваа година во конкуренција биле и лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади, еден од претендентите за републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Откако весникот во 1999 година го смени името на изборот од „Маж на годината“ во „Личност на годината“, Меркел е четвртта жена која се нашла на насловната страна на магазинот и само прва која е прогласена за личност на годината како поединец.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје