Фунд: Црна Гора е најнапредна од државите во регионот

Од:

Црна Гора има најголем напредок во економските слободи меѓу државите во регионот, но треба да помине низ нови лекции за да ги достигне стандардите на Европската унија, изјави новинарот и колумнист на „Волстрит Џурнал“, Џон Фунд.

Фунд за подгоричкиот весник „Побједа“ вели дека во црногорското напредување се уверил и лично за време на неговиот втор престој во Црна Гора.

– За развојот на Црна Гора беа пресудни две одлуки – воведување на еврото во 2001 и прогласувањето на независност во 2006 година. Тоа Црна Гора го направи поради личниот развој – посочи Фунд.

Тој наведе и дека влезот на Црна Гора во Европската унија подразбира прифаќање на одредени правила и ѝ сугерира на Подгорица добро да размисли пред сè да прифати.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора