Виктор Апостоловски со нова песна и спот за „Само мене”

Од:

Дурекс амбасадорот Виктор Апостоловски ја промовираше својата најнова песна „Само мене“ на официјалнот Durex Makedonija youtube канал. Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на песната, како и комплетниот видео запис се негово дело.

„Јас работам со своите чувства, со случувања што се дел од мојот живот, па оттаму доаѓа мојата постојана инспирација за музиката и текстовите што ги создавам. Мислам дека оваа песна е тема во која ќе се пронајдат сите малди кои постојано бараат нови предизвици во животот. Текстот засега е на македонски, но наскоро ќе има и англиска верзија“, вели Виктор.

Во спотот, покрај Виктор, главната улога ја има и манекенката Дариа Стефановска заедно со танчерите Мартин Атанасовски од Aqua Dance Club и Борис Ташковски од Beatrix. За шминката се погрижи Ајтен Демири од De Luxe.

Спотот за песната „Само мене“ е поддржан од компанијата Дурекс за која Апостоловски е втора година по ред нивни амбасадор во Македонија. Тој со таа улога ја шири неговата мисија за едукација и безбеден секс од сексуално преносливи инфекции и непланирана бременост.
„Среќен сум што втора година по ред сум Дурекс Амбасадор и ја имам таа чест заедно со колешката Рената да ги едуцираме младите за правилните информации околку безбедениот секс“, додаде младиот поп пејач.

Би можело да ве интересира

Највисоката вештачка елка е во Шри Ланка

Емир Латифовиќ

Најбизарни признанија за неверства пред свадба

Емир Латифовиќ

Неочекувана ноќна посета преплаши двајца сопружници во хотел во Индија

Емир Латифовиќ

Убавите жени ја поттикнуваат меморијата кај мажите

Емир Латифовиќ

Годината која смени се: Каде беше во `91?

Емир Латифовиќ

Американец се обиде да си го скенира половот орган на каса

Емир Латифовиќ