Предраг Кон: Не можеме да следиме кој од кого се заразил, Србија не ја држи ситуацијата во свои раце

Од:

Епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон, оцени денеска дека оваа и следната недела во Србија се очекува да кулминира епидемијата со коронавирусот, наведувајќи дека земјата не ги „држи конците во свои раце“, бидејќи во моментов не може да ја следи ситуацијата кој од кого се заразил, јави дописникот на МИА од Белград.

– Го очекуваме пикот на епидемијата да биде оваа и следната недела, изјави Кон за ТВ Прва, наведувајќи дека резултатите од мерките ќе се видат по овој период.

– Ние сме 19-ти ден со вонредни мерки и тоа се рефлектира затоа што немаме драстично зголемување на епидемијата, кажа Кон.

Тој изјави дека во моментот не се „држат конците во раце“, бидејќи е невозможно да се следи кој од кого се заразил.

– Нормално, од овие случаи се истражуваат контактите и се спречува тие понатаму да се пренесуваат. Сега сме блиску до тоа, се е во зависност од тоа колку контакти имаме. Ако ги спречиме, теоретската можност за опстанок на вирусот значително се намалува, рече тој.

– Сите го очекуваат крајот и ова е најава за потребата од железна дисциплина, рече Кон, кој додаде дека веќе има повеќе од 300 случаи дневно, а претходно биле околу 100 заразени, „затоа сега е момент да размислиме за воведување на 24-часовен полициски час“.

Српскиот епидемиолог истакна дека треба да видат „резултатите од секоја мерка, а забраната за движење за време на викендот (40 часовна) ќе даде резултати за седум дена“.

Би можело да ве интересира

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Мајка од Србија на ќерката и давала опасни дози седативи

Катерина Ѓуровски

Разоткриена лажна заболекарка и надрилекарка во Србија, измамила најмалку четири институции

А1он

Во близина на Кикинда пронајдени 800 мртви птици, некои заштитени со закон

Горан Наумовски

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Таткото кој со сопругата ги уби децата и се самоубија бил текстописец за метал бендови

А1он