Еден месец Фестивал на чајот и читањето

Фестивалот на чајот и читањето оваа година ќе се одржува од 15 јануари до 15 февруари и ќе опфати промоции на книги, читања и работилници.

Организатори се издавачката куќа „Феникс“, Фондацијата „Македонија презент“, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ и Здружението „Интеракција плус“.

Во рамки на фестивалот ќе бидат промовирани книгите „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов“ од Мито Спасевски, „Вработувањето на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ од Ана Петреска и „Книга за чајот“ од Какузо Окакура.

Ќе биде реализирана анкета на тема „Што читаат средношколците“, како и промотивна работилница по повод изданието „Чекор по чекор до правилен говор“.

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ во Струмица

Ана Ололовска

„Филмски клуб“ од Дејвид Гилмор во издание на ИЛИ-ИЛИ

Ана Ололовска

„Димитар Солев како полемичар“-нова книга од Веле Смилевски

Ана Ололовска

Раде Силјан добитник на меѓународната награда „Мелнички вечери на поезијата“

Ана Ололовска

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Ана Ололовска

Почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“

Ана Ололовска