Дел Потро до Мареј: Продолжи да се бориш

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро ја коментираше одлуката на Енди Мареј да ја заврши својата кариера. Претходно, британскиот тенисер објави дека Вимблдон ќе биде неговиот последен турнир.

– Енди, само што ја гледав твојата прес-конференција. Те молам продолжи да се бориш. Можам да ја замислам твојата болка и тага. Се надевам дека ќе можеш да ги надминеш. Ти заслужуваш крај на кариерата по сопствена волја, кога и да се случи тоа. Те сакаме, Енди, и сакаме да те видиме среќен, напиша Дел Потро на својот твитер-профил.

Причината за оваа одлука на Мареј е болка во бутот. Британецот се повреди во јули 2017 година, а во јануари 2018 година, тој беше опериран.

Мареј е победник на 47 АТП турнири (од кои 45 се синглови). Играше 11 пати во финалето на Гренд-слем турнирите (барем еднаш на секој од турнирите) и освои три трофеи: УС Опен 2012 и Вимблдон во 2013 и 2016 година. Тој е единствениот двоен олимписки шампион во машки синглови во историјата. Во 2016 година стана првиот рекет на светот.

За потсетување, во првото коло на претстојниот Грен слем Австралија опен, Мареј ќе игра со Роберто Баутиста-Агут.

Би можело да ве интересира

Мајката на Ноле работела по 16 часа во ресторан за тој да стане тенисер

Татјана Ташкова

Ѓоковиќ со уште две цели до крајот на кариерата

Бекер: Публиката на Вимблдон да биде свесна за величината на Ѓоковиќ

Ана Ололовска

Ѓоковиќ: Надал и Федерер се една од главните причини да продолжам да играм

Ана Ололовска

Халеп во финалето на Вимблдон постави рекорд во неизнудени грешки

Прв трофеј за Халеп на Вимблдон