Мурињо: Не е на дневен ред работа во Португалија

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо категорично ја отфрли опцијата да ја преземе Бенфика.

Во изминатите денови се појавија гласини дека Специјалниот може да застане на чело на гигантот од Португалија. Сепак, тој ги негираше овие информации, велејќи дека враќањето во Португалија не е на дневен ред за него.

– Можам да кажам дека работа во Португалија не е на дневен ред за мене. Јас сум добро, така како што сум. До денес, не сум варијанта за Бенфика, изјави Португалецот.

Се шпекулира дека Мурињо може да се врати на чело на „орлите“ по изјавата на претседателот на клубот, Луис Филип Виера. Тој објасни дека при желба на Жозе, клубот веднаш ќе ја отвори вратата и додаде: „Парите не се проблем“.

Би можело да ве интересира

За Буфон нема пензија, го бара Порто

A1on

Порто со понуда за Буфон

A1on

Срна стави крај на фудбалската кариера

A1on

Блатер изненаден од притворањето на Платини

A1on

Тите: Нејмар е меѓу најдобрите тројца фудбалери на светот

A1on

Мурињо сака да предводи репрезентација, а не клуб

A1on