Јувентус: Дибала не се продава

Јувентус ги одбиле сите понуди за трансфер на напаѓачот Паоло Дибала, соопшти „Тутоспорт“.

Во канцелариите на торинскиот гигант пристигнале барања за Аргентинецот од неколку клубови, меѓу кои ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Сити, но сите тие не ги задоволуваат финансиските барања на шампионот на Италија.

Јувентус нема намера да се раздели со Дибала за сума помала од 100 милиони евра, се вели уште во информацијата.

Дваесет и пет-годишниот напаѓач игра за „Старата Дама“ од 2015 година и за овој период освои седум трофеи – три Скудета, три Купа и еден Суперкуп на Италија.

Би можело да ве интересира

Де Лихт ќе стане втор најплатен играч во Серија А по Роналдо

A1on

Кулибали не ја отфрла можноста да остане во Наполи

A1on

Манчини сака да ги освои Мундијалот и ЕП со италијанскиот национален тим

A1on

Jувентус го сака Трипиер во своите редови

A1on

Јуве не сака да му плаќа 10 милиони евра годишно на Рабио

A1on

Родригез: Наполи е клуб со историја, но сега мислам за Колумбија

A1on