Мурал од лименки првпат во Белград

Еколошки мурал од искористени лименки е поставен на плоштадот во Белград, во рамки на годинашната манифестација „Белградска зима“.

Симболите на Белград, храмот „Свети Сава“ и споменикот на кнез Михајло се мотиви на инсталацијата долга шест метри.

Организаторите на манифестацијата велат дека посетителите првпат имаат можност да уживаат во ваков мурал, кој на најдобар начин ги спојува уметноста и рециклажата.

– Овој мурал на креативен начин придонесува за рециклажа на лименки и потсетува зошто лименката е најдобра амбалажа за пијалок – лесна е, некршлива и може безброј пати да се рециклира, изјави Немања Коматовиќ од кампањата „Бирам да рециклирам“.

Овој еколошки мурал е соработка на „Бирам да рециклирам“ и Белградската културна мрежа, чија цел е заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во авион на аеродромот во Белград

Ана Ололовска

Рикер: Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат

Ана Ололовска

Вучиќ – Волтерс: Комуникацијата на Војската на Србија и КФОР клучни за стабилноста

Ана Ололовска

Пронајдена порака в шише од пред 50 години

Ана Ололовска

Инстаграм тренд: Тетоважа на увото

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова идеја за оригинално селфи што може да убие

Ана Ололовска